Понекогаш не ни недостига личноста што се оддалечила. Ни недостига чувството што го имавме кога таа не сакаше само нас. Некој ве контактира, покажува интерес и се труди околу вас, но вие не сте особено заинтересирани. Неговото внимание ви е угодно, но го земате здраво за готово.
Се јавува токму кога сте помислиле дека сте престанале да очекувате нешто… Порака доцна навечер. Реакција на Инстаграм стори . Комплимент кој звучи како да има нешто повеќе зад него. Прашање како сте , па неколку дена тишина.
Тој ѝ изгледаше сосема обичен – сè додека не забележа како другите жени гледаат во него. Одеднаш, тој стана поинтересен, попривлечен и вреден за внимание – но што всушност се промени? Понекогаш не се менува мажот, туку начинот на кој го доживуваме.