Кичевската коњаница денес пристигна во Кичево, продолжувајќи го традиционалниот илинденски пат кој годинава повторно ги обединува традицијата, историјата и почитта кон илинденските идеали. Коњаниците, облечени во препознатливите комитски носии и со развиорени македонски знамиња, ...
Во духот на македонската традиција и во чест на големото историско наследство поврзано со 2 Август – Денот на Републиката, Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година“ ја реализира таа традиционална коњаничка маршрута од Скопје до Крушево.
Кичевската коњаница веќе е на пат кон Кичево. Коњаниците тргнаа од село Манастирско Доленци, а за помалку од 45 минути се очекува да пристигнат пред градскиот храм „Св. Апостоли Петар и Павле“, каде кичевчани ќе имаат можност свечено да ги пречекаат.