Хрватскиот актер Стејпан Периќ , кој наскоро ќе се појави во новата серија „IQ 160“, отворено зборуваше за приватниот живот со сопругата, македонската актерка Јелена Јованова Периќ , откривајќи дека токму таа му е најголемата професионална поддршка, но и најискрен критичар.
„Ако актерството повеќе ништо не ми донесе, секогаш ќе бидам благодарен и среќен што ја избрав професијата, бидејќи на некој начин ми го донесе највредното – моето семејство“, романтично вели Стјепан Периќ кој ја запозна нашата Јелена Јованова (41) на снимање на серија.