Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вечерва информираше дека мал е бројот на информации кои упатуваат на евентуални индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите.
Мирен изборен ден без поголеми нарушувања но сепак надлежните институции нотираат одредени неправилности и прекршувања откако од МВР веќе информираа дека две лица се приведени за сторно кривично дело поткуп при избори и гласање .
Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите. Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени ...
До овој момент денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава – информира државното Јавно обвинителство.