На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг.
Во пресрет на новата академска година, факултетите во земјава ќе понудат за 2.000 места помалку за бруцоши. Одлуката е насочена кон усогласување на бројот на студенти со реалните потреби на пазарот на трудот, поради што најголеми кратења се направени кај насоките каде што веќе ...
Главно, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска, намалени се квотите за упис на струките бизнис-администрација, јавна администрација, како и дел од студиските програми на економските, правните и медицинските факултети.