Уште еден вознемирувачки инцидент се случил вчера меѓу тинејџери, овојпат во скопското село Сарај. Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако со нож избодело две години помало момче, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во описот на случајот од полицијата велат дека вчера околу 15 часот пред угостителски објект во селото Сарај се случила физичка пресметка меѓу двајца малолетници. По кратко време, пред продажен објект, 14-годишникот се сретнал со 16-годишникот, кој го нападнал со остар предмет и ...
На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник.