Мадрид – Шпанската влада ја поништи својата одлука и ќе дозволи преместување на 500 деца мигранти од Сеута на копното. Одлуката доаѓа откако околу 70.000 луѓе преминаа на шпанската територија на северноафриканскиот брег на 30 јули, иако повеќето оттогаш се вратија во Мароко.
Шпанската Влада сака под „итно“ да пресели 500 девојчиња од Сеута на континталната територија на Шпанија, јавува шпанската новинска агенција ЕФЕ. Станува збор за малолетнички кои заедно со десетици илјади други мигранти влегоа од Мароко во Сеута пред три недели.