Повикувајќи се на извори запознаени со преговорите, агенцијата наведува дека Spacex планира да обезбеди околу 10 милијарди долари, што е околу 8,6 милијарди евра, преку банкарски кредити и уште 30 милијарди долари, или 25,7 милијарди евра, преку долг со инвестициски рејтинг.
Растечкото задолжување на големите компании, меѓу кои SpaceX, Broadcom и Oracle, кои бараат огромни финансиски средства за набавка на чипови и изградба на дата-центри, предизвикува загриженост на финансиските пазари.
„Спејс Екс“, предводен од Илон Маск, е во преговори со банки и инвестициски компании за собирање околу 40 милијарди долари, што е околу 34,3 милијарди евра, за купување на чипови за вештачка интелигенција на „Нвидија“, објави „Ројтерс“.