Утре, 18 септември, во 17:30 часот ќе се одржи протест пред Министерството за внатрешни работи, а во 18:00 часот и блокада пред Жена Парк во Скопје, како реакција на бруталното убиство на Росица во Велес.
iNFOMAX - Пулс24 - CivilMedia
Јавноста бара одговорност од непостапувањето на полицијата, неказнивоста на судот и бавната истрага на обвинителството во случајот со младата Росица Коцева која беше до смрт избодена од нејзиното поранешно момче Илија Стефановски.
Последното, брутално убиство на Росица Коцева, кое веќе се квалификува како фемицид, односно како злосторство од омраза против жени ги отвори прашањата дали постоечката законска регулатива и протоколи се соодветни за да спречат и казнат вакви појави ...