Македонската преработувачка индустрија останува еден од најважните столбови на домашната економија, но во исто време се соочува со низа предизвици поврзани со производството, конкурентноста, недостигот на работна сила и потребата од модернизација.
Некогаш Македонија беше синоним за текстилна сила на Балканот. Имиња како „Тетекс“, „Астибо“, „Македонка“, „Мода“, „Кули“ и десетици други фабрики вработуваа илјадници луѓе, а македонските конфекции работеа со полн капацитет.