Македонскиот кошаркарски МЗТ Скопје Аеродром претстојната сезона ќе води битка на три фронта. Покрај обврските во домашното првенство и АБА2 лигата, аеродромци ќе играат и во ФИБА Еврокупот. МЗТ Скопје денеска ги доби противниците за групната фаза во ова натпреварување.
Кошаркарите на МЗТ Скопје по пауза од 26 години се враќаат во натпреварувањата под капата на ФИБА, па сезонава како актуелен шампион на Македонија ќе настапат во Европскиот куп, односно второто по ранг натпреварување.