Македонската кадетска репрезентација покажа дека има потенцијал и причина да веруваме дека од оваа генерација во иднина ќе произлезат кошаркари кои ќе го облечат сениорскиот дрес. Избраниците на Дејан Стојановски се вратија од голема негатива против Швајцарија и ја запишаа ...
Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија.
Македонската кадетска репрезентација денеска игра битен натпревар против Швајцарија, на Европското првенство во Б Дивизијата. Пред клучниот меч во разврската за повисок пласман, селекторот Дејан Стојановски потенцира дека мора да гледаат позитивно и да гледаат напред.