Постојат комбинации кои на прв поглед изгледаат смели, дури и неочекувани, но токму во нивната различност се крие најголемата убавина. Црвената и сината се токму таков пар две силни бои со различен карактер, кои заедно создаваат впечатлива, елегантна и безвременска комбинација.
Црвено-сината комбинација изгледа мошне добро на костими за капење, летни фустани и модни додатоци, а впечатливите бои лесно се комбинираат и со неутрални тонови. И црвената и сината се впечатливи бои, па можеби не би ви биле прв избор за комбинација.