Седум водечки кандидати за претседател на Франција ги претставија своите економски и политички визии на првата предизборна дебата, на која најголеми поделби предизвикаа односот кон ЕУ, јавниот долг и пензиската реформа.
Франција полека влегува во предизборната кампања за претседателските избори, а седум водечки кандидати вчера се соочија на првата голема предизборна дебата. Во центарот на расправата беа економијата, јавниот долг, пензиската реформа и односот на Франција кон Европската Унија.