Претходно денеска, СДСМ ја обвини Владата дека склучила договор од речиси милион евра за опрема што, според опозициската партија, ќе се користи за партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори.
Владата ги отфрли , како што велат, изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица околу јавната набавка за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани, која според нив, се ...
Левица утрово обвини дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски, како што истакнуваат, чиј рејтинг вртоглаво паѓа, периодов преку „агресивен предизборен поткуп ги користи сите ресурси на државата за да ги спаси своите функционерски фотелји“.