СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу состојбата во пензискиот систем и државниот буџет. Додека опозициската партија тврди дека Владата го загрозува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вториот пензиски столб, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат ваквите ...
Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.
Треба да знаат дека буџетскиот дефицит не треба да го анализират преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто домашниот производ. Само така можат да добијат реална споредба низ годините, пишува ВМРО-ДПМНЕ.