Потребно беше еден човек да ја разголи душата пред јавноста со најситни детали за проблемите во семејството, медиумите да го преземат тој очаен повик за помош, неофицијално да интервенираат и владини функционери, за конечно институциите да постапат онака како и што се постапува ...
Откако физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово јавно побара помош, тврдејќи дека со години живее во страв од семејно насилство и дека институциите не реагираат, Министерството за внатрешни работи соопшти дека веќе постапува по случајот и дека лицето е спроведено во ...
Ниту со „врски“, отворено зборува девојка од Куманово, не успеала да најде место во „Бардовци“ за родителот кој има дијагнози на психички растројства, е алкохоличар и според нејзините зборови врши различни форми на насилство над трите жени и болно момче со кои живее под ист кров ...
Во видеообраќање објавено на социјалните мрежи, Цветковска вели дека не бара сожалување, туку реакција и заштита од надлежните служби. Таа посочува дека нејзиниот татко, според неа, подолг период е зависен од алкохол и има дијагностицирани ментални нарушувања, што довело до ...