Њујорк – Дете почина од морбили во американската сојузна држава Њујорк, што претставува прв смртен случај од оваа исклучително заразна болест во оваа сојузна држава во последните 30 години, соопшти гувернерката Кети Хокул.
Детето починало во округот Луис, а гувернерката Кети Хокул предупредува дека деценискиот напредок во спречувањето на заразните болести е доведен во опасност. Во САД до крајот на октомври биле регистрирани 4.852 случаи на морбили.
Дете во руралниот дел на северот од американската сојузна држава Њујорк починало од морбили, што е прв смртен случај од оваа вирусна болест во државата во последните 30 години, соопштија државните власти во понеделникот, пренесува „ Индепендент “.
Дете почина од морбили во американската сојузна држава Њујорк, што претставува прв смртен случај од оваа исклучително заразна болест во оваа сојузна држава во последните 30 години, соопшти гувернерката Кети Хокул.