Уште една недела, уште едно поскапување – и тоа не мало. Регулаторната комисија за енергетика синоќа ги објави новите цени на нафтените деривати, а дизелот повторно ја премина стотката, овојпат стигнувајќи до 101 денар за литар .
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89% во однос на одлуката од 31.8.2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.
Од полноќ, 8 септември, стапуваат на сила нови, повисоки малопродажни цени на нафтените деривати. Според одлуката на Ргеулаторна, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари за литар и ќе изнесува 97 денари , додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 3 денари и ќе се ...