Машката кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го започна подготвителниот период. Во првата контролна средба од јулскиот циклус, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал загубија од Бугарија во Самоков со 68-97.
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација се подготвува за јулските натпревари во претквалификациите за Евробаскет 2029. По неколку дена подготовки во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал, ќе го одиграат првиот контролен меч.