Стотици граѓани маршираа синоќа во Белград во знак на поддршка за авторите на „24 минути“, откако новите сопственици на телевизијата „Нова С“ ја тргнаа од програмата оваа популарна сатирична емисија. На собирот за поддршка на Зоран Кесиќ и „Њуз.нет“ повика група новинарски ...
Немам намера да бидам вулгарен ниту да се претворам во нешто што суштински не сум. Ќе останеме фини и опасни. Изгледа дека сум еден од најопасните луѓе во нашата земја, заедно со мојата екипа, и тоа некако ми импонира - рече Кесиќ.
Стотици граѓани на улиците во Србија, поточно во центарот на Белград, вечерва маршираа во знак на поддршка на екипата на сатиричната емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“, откако таа беше отстранета од телевизиската програма.