Брегалница – Шкендија (Т) 1:2 во вториот попладневен меч од 12.коло во ПМФЛ. Иако Шкендија не блескаше, сепак успеа да победи и да освои големи три бода со кои и по ова коло ќе биде лидер на табелата. А до трите бода тимот на Артим Положани дојде благодарение на Марко Ѓорѓиевски ...
Брегалница на свој терен во Штип ја пречекува екипата на Шкендија Тетово, лидерот на табелата во ПМФЛ. Штипјани во пресметката влегуваат после елиминацијата од Купот од Македонија ЃП, но имаат мотиви за да се надигруваат против еден од фаворитите за титулата.
Шкендија Тетово патува за Штип со јасна цел – да ги освои трите бода и да ја зачува лидерската позиција на табелата. Левиот бек на тетовци, Бојан Димовски, верува дека тимот ги направи сите потребни подготовки за овој тежок предизвик.