Од денес престануваат да важат привремените мерки за флексибилност поврзани со Системот за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС), објави „Јуроњуз“. Во текот на летото, земјите членки имаа можност во исклучителни околности привремено да го прекинат собирањето биометриски ...
ЕЕС предвидува електронска регистрација на државјаните на земји што не се членки на ЕУ и собирање биометриски податоци, вклучително и отпечатоци од прсти. Системот го замени класичното удирање печати во пасошите при влез и излез од Шенген-зоната.
Од недела, 6 септември, Европската Унија ги прекинува вонредните мерки за флексибилност при Системот за влез и излез (EES). Поради ова, сите гранични премини и аеродроми ќе мора задолжително да земаат биометриски податоци од патниците надвор од ЕУ, без оглед на настанатата гужва.