Франција денеска беше зафатена од нов бран масовни протести и штрајкови поради платите, високите трошоци за живот и состојбата на јавните услуги. Во Лион избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, која интервенираше со солзавец, додека пожар избувна во средно училиште во ...
Во Париз и Лион, некои демонстранти денес се судрија со полицијата за време на претежно мирните протести низ целата земја и еднодневниот штрајк на некои вработени во јавниот сектор, претставувајќи нов предизвик за претседателот Емануел Макрон.
– Француските синдикати денеска излегоа на улиците за да извршат притисок врз владата да донесе значително зголемување на минималната плата, организирајќи масовни протести и генерален штрајк низ земјата, јави ДПА.
Ајфеловата кула денеска е затворена за посетители поради национален штрајк во Франција, објави компанијата што управува со објектот. Французите бараа зголемување на платите и подобрување на куповната моќ на населението.
Според извештајот на француската Служба за територијално разузнавање (DNRT), денес, надвор од парискиот регион, се очекуваат меѓу 500.000 и 700.000 демонстранти за време на демонстрациите и генералниот штрајк организирани од неколку синдикати во различни француски градови.