Утринското спремање за на работа не мора да значи долго сушење и комплицирано стилизирање на косата. Кога сакате да изгледате средено, но немате многу време, овие фризури за работа може да бидат доволни за целосниот изглед да биде елегантен и промислен.
Миди боб фризурата се наоѓа помеѓу класичниот боб и подолгиот лоб, и најчесто завршува на нивото на рамената или клучната коска. Оваа должина ја прави особено практична – косата е доволно кратка за да изгледа свежо и обликувано, но доволно долга за да може да се врзе во опашка ...