Зошто некои невести избегнуваат црни детали на свадба? Зошто старите жени велат дека бисерите носат солзи, а црвената боја штити од несреќа? Дали се тоа само празноверија или зад нив се крие стара симболика зачувана низ генерации? Модата отсекогаш била повеќе од облека.
Таа влегува во салата, сите погледи се свртени кон неа, а фотографите го бараат совршениот кадар. Месеци на избори, проби, корекции и нервози завршуваат во еден единствен момент или првото појавување во венчаницата. За многу жени, тоа е најважниот моден момент во животот.