Илија Абутовиќ, е еден од странските ракометари кои во македонскиот ракомет остави свој белег. Дефеназивецот беше дел од златните денови на РК Вардар, во 2017 го подигна победничкиот пехар во Лигата на шампиони.
Илија Абутовиќ повторно ќе го носи дресот на Партизан , но овојпат во значително поамбициозен проект. Искусниот ракометар се враќа во Белград по повеќе од една деценија, а во новата сезона ќе биде дел од тимот кој од клупата го предводи Раул Гонзалес .