Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец (над 40 km/h).
По уште два многу топли денови, викендот носи пресврт со пад на температурите и поголема нестабилност, по што времето ќе стане посвежо и поумерено. Жешко и претежно сончево време се очекува во четврток, 10 септември, со температури кои во Скопје ќе достигнат околу 34–35 степени.
iNFOMAX - +инфо - Скопје инфо
УХМР објави метеоаларм за 10 и 11 септември поради високите температури што ќе ја зафатат земјава. Според прогнозата, во четврток нè очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност и температури кои на места ќе достигнат околу 35 до 36 степени.
Ги одбројуваме последните денови од летото. „Ситно“ броиме до промената на времето, која ќе нè „префрли“ од топло и суво доцно лето во рана есен, со сè уште топли, повремено посвежи, но секако многу попријатни денови.
Сончево и топло време со мала до умерена облачност се очекува во текот на денот, но во попладневните часови на места ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
4NEWS - 360 степени - Во Центар - Проверено - Бриф - Макфакс