Европската комисија планира да пренамени дел од средствата од Фондот за реформи и раст за Западен Балкан кон земјите што остваруваат најбрз напредок на патот кон Европската Унија – Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, дознава „Еуроњуз“ од двајца европски претставници.
ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд за Западен Балкан кон земјите што се предводници во процесот — Црна Гора, Албанија и Македонија — бидејќи другите земји тешко ги исполнуваат реформските рокови, објави „Јуроњуз“ .
Станува збор за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, воспоставен во 2024 година. Целта на инструментот е да обезбеди финансиска поддршка на земјите-кандидатки, но со строги услови кои првенствено се однесуваат на спроведувањето на реформите потребни за членство во ...