Хрватската репрезентација ја запиша првата победа на „Трофеј Македонија“, откако ја совлада Србија со убедливи 28-15 (13-9). Поранешниот селекторот на Македонија, Ивица Обрван и неговиот тим утре ќе ги одмерат силите токму против нашиот национален состав.
Со натпреварот помеѓу Хрватска и Црна Гора стартуваше „Трофеј Македонија“, кој се одржува во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Мечот заврши без победик, после голема драма беше поставен конечниот резултат 20-20 (10-11).