Копилотот на „Флајдубаи“, кој неделава се обиде да собори авион полн со Израелци, претходно бил суспендиран од летање во Оман поради загриженост дека е радикализиран, изјавија денеска неименувани извори запознаени со случајот за „Волстрит џурнал“ (WSJ).
Копилотот кој го нападнал капетанот на летот на „Флајдубаи“ за Тел Авив бил отстранет од должностите на оманската национална авиокомпанија минатата година поради неговите екстремистички ставови, изјавиле за Си-Ен-Ен два извори запознаени со ова прашање.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека секој што евентуално стои зад копилотот осомничен за нападот во авионот на „Флајдубаи“ ќе се соочи со сериозни последици. Тој изјави дека истрагата проверува дали осомничениот дејствувал по нечија наредба.
Во видеоповик со индискиот премиер Нарендра Моди, капетанот Смит Мачар изјави дека бил на подот и дека копилотот сè уште го напаѓал кога сфатил дека авионот губи висина и дека мора нешто да преземе. – Лежев на подот повреден, но си реков да се обидам уште еднаш да ја отворам ...
Израелскиот министер за национална безбедност бара осомничениот омански државјанин да биде екстрадиран во Израел и таму кривично гонет, додека мотивот за нападот сè уште се истражува. Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денеска изјави дека ќе побара од ...