Екипите на ЈКП „Шар“ – Тетово успешно ја завршија санацијата на еден од дефектите на улица „146“. Од претпријатието информираат дека работата на терен продолжува, а екипите во моментов работат на санација на вториот дефект на истата улица.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира дека е во тек стабилизирање на состојбата со водоснабдувањето. Од претпријатието посочуваат дека количината на вода постепено ќе се зголемува, со цел системот да се стабилизира и водоснабдувањето да се нормализира во целост.
Од претпријатието информираат дека значителен дел од дефектите на водоводната мрежа не се поврзани со работата и одржувањето на ЈКП „Шар“, туку се последица на несовесно или несоодветно изведување градежни и инфраструктурни работи од страна на приватни компании, изведувачи и ...