Бурата Боело ја погоди Шкотска во саботата навечер со налети на ветер од 136 километри на час, предизвикувајќи прекини во железничкиот и фериботскиот сообраќај, поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Десетици летови се откажани на аеродромот Схипхол во Амстердам, Холандија, поради силниот ветер што го донесе бурата Боело. Во одредени делови од земјата сè уште е на сила жолт метеоролошки аларм, а надлежните предупредуваат на можни дополнителни нарушувања во сообраќајот.
Поради невремето „Боело“, авиокомпаниите КЛМ, Луфтханза и Изиџет откажаа бројни летови од аеродромот Схипхол. За делови од Холандија сè уште важи жолто метеоролошко предупредување. Десетици летови денеска се откажани на аеродромот Схипхол во Амстердам поради силните ветрови што ...