Ако различните мерења се земат заедно, разумниот опсег во моментов би бил околу 43 до 46 отсто за листата на Вучиќ и 41 до 44 отсто за студентската листа. Тоа го прави Вучиќ благ фаворит да освои најмногу гласови.
Србија в недела гласа на вонредни парламентарни избори во услови на длабока политичка поделеност и речиси двегодишни студентски протести. Во медиумите се повеќе се коментира дека п олитичката игра се помалку личи на вообичаената конкуренција на политички платформи.
Околу 150.000 луѓе синоќа, на 22 октомври, ги исполнија Славија и околните улици во Белград на завршниот предизборен собир на листата „Студентска листа, студентите победуваат“, според процената на Архивот на јавни собири.
„Народе на Србија, во изминатите две години ви дадовме сè. Во недела сите заедно излегуваме на гласање и ја ослободуваме нашата татковина.“ Со оваа порака студентите во блокада им се обратија на граѓаните на Србија, непосредно пред почетокот на изборниот молк за изборите ...