По откриените неправилности во дел од млечните производи, каде кај некои е утврдена помала млечна маст од декларираното, а кај други и присуство на растителни масти, јавноста останува без клучната информација – имињата на компаниите.
Државните институции ни ја потврдија листата на фирмите кај кои се утврдени неправилности, отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав кај одредени млечни производи е точна. Но, официјална потврда од АХВ се уште нема.
Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Засилените инспекциски контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство покажале дека дел од млечните и месните производи што се продаваат на домашниот пазар не ги исполнуваат целосно пропишаните стандарди и не одговараат на информациите наведени на ...