Спротивставени ставови на пратениците од власта и опозицијата попладнево беа изнесени на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која во второ читање се разгледува Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година.
Власта и опозицијата и денеска ги вкрстија аргументите за предлог-ребалансот на буџетот. За власта, тој е одговор на актуелните геополитички случувања и показател за одговорни политики, а според опозицијата, фискален пораз на една неодговорна политика.
Амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година денеска треба да продолжи во собраниската Комисија за финансирање и буџет. За предлог-измените во второ читање се поднесени вкупно 124 амандмани.
Скопје инфо - Пари - Скопско Ехо - Вечер Прес