Адвокатот Вулнет Пачуку, во интервју за „Еуроњуз Албанија“, изнесе серија забелешки за обвинението против Артан Груби во предметот поврзан со „Државна лотарија“, тврдејќи дека поранешниот прв вицепремиер немал фактичко ниту правно влијание врз акционерското друштво и дека ...
По 15-минутното читање на обвинителниот предлог (нема воведни зборови оти не е обвинение), обвинетиот Артан Груби и останатите сообвинети за проневера на 9,7 милиони евра во Државна лотарија, сите се изјаснија за невини.
Како невини се изјаснија уште петмина од обвинетите, додека последниот обвинет во предметот, Башким Авди, не се изјасни за вина, бидејќи, како што кажа на рочиштето, обвинението и доказите не ги добил на албански јазик и не разбира за што е обвинет.
Пред да се изјасни за вина во предметот за „Државна лотарија“, обвинетиот Башким Авди побара обвинението да му биде прочитано на албански јазик, откако претходно побара и преведувач. Неговиот адвокат Алиспахиќ пред судот образложи дека станува збор за лично право на обвинетиот, ...
Денеска треба да продолжи постапката пред Основниот кривичен суд Скопје за случајот поврзан со наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Постапката беше прекината на претходното рочиште, кога Судот оцени дека на ...