Четврток, 22 октомври, ќе биде необичен ден во Белград, во градот ќе се одржат завршните предизборни митинзи на владејачката Српска напредна странка (СНС) и Студентската листа, во пресрет на предвремените парламентарни избори на 25 октомври.
Скопје1 - Вечер - Вечер Прес
Пет лица се уапсени во Нови Сад под сомнение дека планирале насилство и немири во Белград на денот на предвремените парламентарни избори на 25 октомври, објави српскиот јавен радиодифузен сервис РТС, пренесувајќи соопштение на надлежните органи.
На територијата на Нови Сад во тек е акција за апсење на група за која се сомнева дека „планирала нереди на денот на изборите“, дознава Радио-телевизија Србија (РТС). Како што наведува РТС, во одвоена акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, уапсен е и М.А.