Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска, 7 октомври, престојува во Виена, каде што по посебна покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.
На маргините на Вториот министерски самит на четирите земји – Македонија, Бугарија, Грција и Србија, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова.
Сигурноста на снабдувањето со енергенси (струја, природен гас, нафта) и координацијата на планираните проектни активности за подобрување на отпорноста и флексибилноста на електроенергетските системи, се во фокусот на денешниот втор министерски самит за енергетика што се одржува ...