За време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), по повод 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.