Посакувам да бидеме во постојана врска, бидејќи во светот има едно семејство што се вика македонско, а знам дека во животот сè може да смените само татковината не - истакна претседателката.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената гала вечер којашто по повод 20. годишнината од основањето на Обединетата македонска дијаспора и доделувањето на наградите „40 под 40“ се одржа во Детроит, Мичиген.
Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на ...