Доколку често се чувствувате уморно, без концентрација или ви недостига енергија во текот на денот, причината можеби не е само недоволниот сон, туку и изборот на храна. Правилната исхрана игра клучна улога во тоа колку енергија ќе има организмот и колку долго ќе ја одржи.
Брзиот начин на живот честопати нè наведува да избираме брзи и практични решенија за оброци, но експертите предупредуваат дека квалитетот на исхраната директно влијае на енергијата, расположението и општото здравје.