Пеп Гвардиола и Манчестер Сити долго време беа фаворити за потписот на италијанскиот репрезентативец Жоржињо, но наместо да заврши на „Итихад“ доскорешниот член на Наполи се пресели во Челси во пакет со тренерот Маурицио Сари.
Манчестер Сити долго време беше во преговори со Наполи за трансфер на Жоржињо, па иако се беше договорено, на крајот плејмејкерот заврши во Челзи. Откако Жоржињо и официјално беше претставен како ново засилување за Челзи, се огласи и Пеп Гвардиола.