37-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот во семејниот дом на подрачјето на општина Центар во Скопје. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 6 септември во 22:30 часот во СВР Скопје.
Четириесет и седумгодишен жител на гостиварско село е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, информира Министерството за внатрешни работи. На 6 септември полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Х. А.
Педесет и петгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода по пријава за физички и сексуален напад врз неговата вонбрачна партнерка, информира Министерството за внатрешни работи. На 5 септември во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А. С.
Дваесетгодишен скопјанец бил повикан на службен разговор во Полициската станица Ѓорче Петров по пријава од неговата поранешна партнерка дека физички ја нападнал, ѝ се заканувал и ѝ одзел пари, информира Министерството за внатрешни работи.
Дваесет и тригодишен штипјанец е лишен од слобода по пријава за семејно насилство врз неговата сопруга, при што таа се здобила со повреди, информира Министерството за внатрешни работи. На 6 септември во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле О. Р.