Ако некогаш дојде до таква инвестиција, треба да знаеме која е користа за општината, кои се придобивките, но и кои се штетните последици. Не можеме да шпекулираме без релевантни податоци и стручни анализи, рече градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.
Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево.
Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ и коалицијата и еден советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија ...
Политичките партии Левица и Демократската обнова за Македонија го креваат гласот против иницијативата за изградба на дата центар на локации во Панчарево. Бараат да се стопира постапката и советниците во Пехчево да гласаат против ваквата одлука.