Во модата постои едно ПРАВИЛО што најголемите светски стилисти, дизајнери и модни уредници го повторуваат со децении- СТИЛОТ НЕМА ВОЗРАСТ. Тој не завршува на 30, не избледува на 50 и не станува помалку важен на 70 години.
Треба да е јасно дека модата никогаш не е само прашање на облека. Таа е социјален јазик, форма на комуникација и начин на кој луѓето испраќаат пораки за себе уште пред да прозборат. Психолозите одамна докажаа дека првиот впечаток се формира за само неколку секунди, а облеката е ...
Во политиката, секој збор има тежина. Но, исто толку внимателно се анализира и она што политичарите го носат. Особено кога станува збор за жените. Нивниот изглед со децении е предмет на јавни дебати, медиумски анализи и понекогаш неправедни споредби кои ретко им се случуваат на ...
Дали постои едно парче облека што секоја жена треба да го поседува? Според модните аналитичари, психолозите на облекувањето и експертите за личен имиџ, одговорот е- да. И тоа не е ниту мал црн фустан, ниту скап капут, туку добро скроен костим.
Многумина мислат дека впечатливиот стил зависи од скапи брендови, луксузни чанти и гардероба што чини цело богатство. Но, ако внимателно ги набљудувате жените кои секогаш изгледаат елегантно и средено, ќе забележите дека нивната тајна ретко се крие во цената на облеката.
Евидентно е дека трендовите се менуваат побрзо од годишните времиња, а социјалните мрежи секојдневно произведуваат нови „модни правила“, само што разликата помеѓу помодарството и стилот никогаш не била поважна. Помодарството е моментална возбуда. Стилот е долгорочна вредност.