На секои 100 компании во македонскиот деловен сектор, помалку од пет се под контрола на странски сопственици. Но, кога ќе се погледне колку луѓе работат во нив и колкава економска вредност создаваат, односот е сосема поинаков.
Иако странските компании сочинуваат само 4,7 отсто од активните претпријатија во Македонија, тие вработуваат повеќе од 105.000 лица и учествуваат со 37 отсто во вкупната бруто-додадена вредност. Најголем дел од вработените се во преработувачката индустрија, трговијата и секторот ...
Во деловниот сектор во 2024 година дејствувале 3.280 странски филијали, односно домашни претпријатија под контрола на странски субјекти, што претставува 4,7 проценти од вкупниот број деловни субјекти, според податоците на Државниот завод за статистика.