Последната недела од август носи нов топлотен бран во Македонија. Температурите во Скопје може да достигнат и 42 степени. Еве ја прогнозата по денови. По топлиот викенд, последната недела од август носи ново температурно засилување, но и можност за локална нестабилност.
Вечер - Паноптикум - Колегиум - Национално
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови на повеќе места се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град.
Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Денес, недела, 23 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за метеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Попладне услови за несрабилност. Температурата во Битола до 33 степени.
Летните температури ќе продолжат и во наредните две недели, но прогнозата покажува постепено заладување кон крајот на периодот. Според 14-дневната прогноза, во следните денови максималните температури ќе се движат до 39 степени, по што следува пад на температурите и појава на ...