Во пожарите во Франција изгореа 42.000 хектари површина. Уништени се цели села, како на пример Ле Порж. Пожарите уништија борова шума, принудувајќи околу 220.000 жители и туристи да се евакуираат од домовите и одморалиштата.
Европската Унија предупреди дека брзо расте ризикот од големи шумски пожари во Европа, а со пожарите што беснеат во Шпанија и во Франција со денови, постои можност да гори голем дел од континентот на почетокот од август.
Сè почестите топлотни бранови и шумски пожари во Европа веќе не претставуваат само климатски, туку и сериозен економски предизвик, кој ги зголемува трошоците за здравство, ладење, транспорт, земјоделство и итни интервенции.
Оваа година Шпанија е членка на Европската унија која беше најтешко погодена од шумски пожари, со најголем удел на опожарена површина во однос на големината на земјата. Податоците од Коперник, европската програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека пожарот уништил повеќе ...