Репрезентацијата на Катар пред четири години имаше историски прв настап на Светско првенство и тогаш беа домаќини. Сега, на СП 2026 година преку квалификации обезбедија место на завршницата, но сега играат далеку од дома.
Посебно внимание привлече навивачкиот марш што беше организиран во петокот во Сан Франциско. Иако катарските медиуми го претставија како спонтан израз на поддршка за репрезентацијата, се појавија информации дека работите не биле баш такви.
Вечерва од 21 часот на Светското првенство ќе играат Катар и Швајцарија, а една интересна информација се појави поврзана со катарските навивачи. Фановите на Катар кои престојуваат во Сан Франциско биле обврзани да присуствуваат на навивачкиот марш ...